
Анксиозност – Како да се надмине!?
Анксиозноста е состојба која има тенденција да погоди лица во секоја возраст. Ако во минатото повеќе страдаа лица во поодминати години, сега тоа е променето и најголем проблем со анксиозноста имаат младите. Но постојат начини секој да се спротивстави на нејзините парализирачки ефекти.
Дали се повеќе се борите со чувствата на загриженост? Дали се чувствувате се повеќе вознемирени и напнати? Дали сте опседнати со работи кои може или не може да се случат? Ако е така, можеби сте еден од милионите кои страдаат од анксиозност.
Анксиозноста може да се развие од многу неконтролирани фактори, како што се генетиката, личноста и животните настани, но главното прашање за многумина е тоа што во денешно врмеме и покрај брзиот и динамичен живот, имаме и премногу време за д амислиме на негативни нешта. Освен тоа, сега имаме едне куп информации достапни во секое време и кои можат да влијаат на нас на било каков начин – негативно или позитивно.
Како анксиозноста влијае на вас
Многу настани кои го менуваат животот, може да ја зголемат анксиозноста, како што се финансиски стрес, здравствени проблеми или повреди кои влијаат на мобилноста или смрт на на некој близок.
Анксиозноста се лекува, но многумина не сакаат да зборуваат за неа и чувствуваат дека можат сами да се погрижат за проблемот, а впрочем токму тоа е најголемиот проблем.
Луѓето со анксиозност може да имаат низа симптоми кои може да траат со денови, недели, па дури и месеци:
-Внатрешен немир
-Замор
-Проблеми со концентрирање
-Раздразливост
-Тешкотии при заспивање или станување во сон
-Постојани негативни мисли
Анксиозноста, исто така, може да предизвика напади на паника, обележани со забрзан пулс, прекумерно потење и проблеми со дишењето. Симптомите често се намалуваат по некое време или ако се тргнете на некаков начин од стресната средина или ситуација. Анксиозноста може да го отежне и одржувањето на здрав начин на живот. Можеби сте помалку мотивирани за вежбање, а со тоа доаѓа и поголема веројатност да го зголемите внесот на храна богата со масти, шеќер и алкохол.
Третман и терапија за анксиозност
Консултирајте се со вашиот лекар ако имате некој од знаците и симптомите. Тој или таа може да дијагностицира анксиозност и да открие дали таа може да биде поврзана со здравствен проблем. Инаку, постојат многу опции за третман, како што се когнитивна бихејвиорална терапија (КБТ), лекови, суплементи или комбинација. Ние секако се стремиме кон зајакнување на свеста на сите, па затоа кај нас предничат суплементите. Има многу суплементи кои можат да помогнат при анксиозност, а секогаш најдобри се оние на природна или органска база.
Таков е производот на Ербенобили – Серенвин, кој е погоден и се препорачува токму за вакви ситуации: стрес, вознемиреност, несоница, анксиозност …

Што друго можете да направите
Можете дополнително да управувате со анксиозноста преку промени во животниот стил. Еве неколку предлози од еден од најпознатите доктори кои се целосно насочени кон анксиозноста – Д-р Корнелија Кременс, психијатар од Харвард, општата болница во Масачусетс.
Поставете дневни цели што треба да ги постигнете. Дневните цели можат да бидат едноставни како занимавање со домашна работа или дружба со пријател.
Излезете на прошетка. Потрудете се да комуницирате со луѓето кои ви се драги барем еднаш неделно. Волонтирајте за некоја кауза, придружете се на социјален, спортски клуб или научете некоја нова вештина.
Решавање на финансиските проблеми. Ако вашата анксиозност се фокусира на грижите за парите, направете еден финансиски планер за да ги организирате вашите трошоци и да планирате за иднината. Докажано е дека имањето стратегија може да им помогне на луѓето да се чувствуваат поудобно, како и да ги решат дел од грижите.
Правете повеќе активности за релаксација. Вклучете вежбање на умот и телото како на пример јога или медитација.
На некој начин, се што го успорува вашето тело и ум може да помогне да се справите со анксиозноста или барем да ја спречите да се развива.