
Конечно: Производите на Ербенобили наскоро на македонскиор пазар
Италијанската специјализирана компанија за додатоци за исхрана Ербенобили, влегува на македонскиот пазар.
Ербенобили важи за една од најголемите и најпознатите италијански компании во својата индустрија која веќе е распространета на речиси сите континенти. Она што ги прави први на пазарот на додатоци за исхрана е начинот на кои ги добиваат своите производи.

Имано, Ербенобили ја има единствената спагиричка лабораторија во светот каде што екстракцијата се одвива во космичка стаклена градина на природен начин, а не со машини кои се обидуваат да ги симулираат силите на природата (машините го подготвуваат производот за 24 часа, а на Ербенобили им требаат 40 дена). Техниките за екстракција, иако модерни, ги почитуваат најстарите традиции што ги подобруваат активните принципи на употребените суровини од растенијата. На некој начин, кога ќе ги споите древното знаење, традициите на спаригичните билки од минатото и модерното знаење и наука, ќе дојдете до Ербенобили.
Производите се органски, без глутен, засладувачи или какви и а било додатоци кои мужат да влијаат на квалитетот на производите и нивната ефикасност.
Ербенобили има широка палета на производи за сите проблеми поврзани со човековиот организам, а во Македонија ќе се стартува со четири производи од различна област: Магнезиум, Дренвин ( слабеење ), Серенвин ( стрес, вознемиреност, несоница ), Дисменовин – менструални проблеми. Брзо по стартот на продажба на овие производи, палетата со производи ќе се проширува постојано.