Глог – придобивки на едно од најлековитите растенија
Глог е растение чии лисја, цветови и плодови се користат за правење лекови. Crataegus monogyna т.е. глог припаѓа на фамилијата Rosaceae. Глогот е грмушка која расте речиси насекаде, способна да достигне 6-10 метри во височина.
Особено расте во шумски области, до 1.500 метри надморска височина. Можете да го најдете низ цела Европа, во Северна Америка, во Северна Африка и Северна Азија.
Во античко време, ова растение толку многу се поврзувало со надежта и плодноста, што неговите цветови се користеле за украсување на косата и облеката на невестите. Се верувало дека цветовите на глог можат да ги одвратат злите духови, па затоа ги ставале нив на лулките на новородените бебиња. Од верувањата до популарната медицина чекорот бил краток особено кога биле откриени неговите корисни својства.
Глог се користи за болести на срцето и крвните садови како што се конгестивна срцева слабост (CHF), болка во градите и неправилно чукање на срцето. Може да се користи и за лекување на низок и висок крвен притисок, „стврднување на артериите“ (атеросклероза) и висок холестерол. Досега, истражувањата сугерираат дека глогот може да биде ефикасен во лекувањето на конгестивна срцева слабост. Сепак немало доволно истражување за други намени поврзани со проблеми на срцето за да се знае дали е ефикасен и за нив.
Некои луѓе користат глог поради проблеми со дигестивниот систем како што се варење, дијареа и болки во стомакот. Се користи и за намалување на анксиозноста – како седатив, за полесно мокрење, но и за менструални проблеми.
Глог може да помогне и при:
- Анксиозност
- Несоница
- Вознемиреност
- Стрес
- Болка во градите (“ангина”)
- Висок крвен притисок
- Проблеми со циркулацијата на крвта
- Намалена функција на срцето
- Висок холестерол
- Неправилно чукање на срцето (аритмија)
- Мускулни грчеви
- Седација
Стрес, анксиозност, вознемиреност, несоница
Анксиозноста и стресот сега се секојдневен товар и за жал речиси сите страдаат од нив во одреден временски период, а тоа многу често не ограничува не само во личниот живот, туку и на работа и во нашите лични односи.
Во овој случај, природата може да ни помогне со многу природни лекови, од кои еден е глогот.
Научниците го истражуваа глогот како потенцијална нова терапија за анксиозни нарушувања. Во една постара студија во 264 луѓе со анксиозност, комбинацијата од екстракт од глог, магнезиум и цвет од калифорниски афион значително го намалија нивото на анксиозност во споредба со плацебо. Сепак, не е јасно каква специфична улога играл глогот. (1)
Се чини дека глог има малку несакани ефекти во споредба со традиционалните лекови против анксиозност. Тоа е една од причините зошто научниците продолжуваат да го истражуваат како потенцијален третман за нарушувања на централниот нервен систем како што се анксиозност и депресија.
Глогот благодарение на флавоноидите може да помагне и во смирување на вознемиреноста и го олеснуваат сонот.
За да користите глог, можете да изберете Фитембриотерапија, техника на мацерација која ги користи пупките, во кои се затворени и концентрирани сите својства на растението. Во тој случај глогот е корисен за подобрување на квалитетот на сонот. Mоже да се користи и за време на бременост. Може дури и кај деца во одредена доза – се разбира, секогаш е подобро прво да се консултирате со вашиот лекар.
Хронична срцева слабост
Многу, но не сите студии сугерираат корист од глог за оваа употреба. Според 14 студии кои опфатиле вкупно 855 пациенти со хронична срцева слабост, глог може да помогне во управувањето со симптомите. Исто така може да ги подобри физиолошките резултати кога се користи како помошен третман за хронична срцева слабост. Наодите од студиите покажуваат дека третманот со глог може да доведе до подобрување на толеранцијата на вежбање и на симптомите, како што се замор и отежнато дишење. Истражувачите заклучија дека „има значителна корист во контролата на симптомите и физиолошките резултати од екстрактот од глог како дополнителен третман за хронична срцева слабост“.
Сепак, една долгорочна студија завршена во 2009 година не ги потврди овие придобивки. Во оваа студија, 120 пациенти со срцева слабост примаа 450 милиграми глог два пати на ден во текот на шест месеци. Во ова истражување глогот не обезбеди симптоматска или функционална корист кога се дава заедно со стандардна медицинска терапија.
Висок крвен притисок
Во пилот студија објавена во 2002 година, 38 доброволци со блага хипертензија беа поделени во две групи. На едната група и беше доделен дневен додаток од 600 милиграми магнезиум, додека на другата 500 милиграми екстракт од глог. По 10 недели, 19-те испитаници кои земале екстракт од глог покажале поголемо намалување на дијастолниот крвен притисок во мирување отколку кај другите членови на студијата. Уште повеќе, беше откриено дека учесниците кои земаа глог имаат пониски нивоа на анксиозност.
Во една студија објавена во 2006 година, научниците открија дека земањето 1.200 милиграми дневно екстракт од глог помогна да се намали крвниот притисок кај поединците кои земаат лекови за лекување на дијабетес тип 2.
Други состојби поврзани со срцето
Глог покажа корист за болка во градите (ангина) кај пациенти со конгестивна срцева слабост. Доказите за атеросклероза, таложење на масни наслаги во вашите артерии, се многу прелиминарни. Голем број студии на животни, вклучително и една објавена во 2018 година, сугерираат дека глогот може да помогне во намалувањето на нивото на мастите во крвта (вклучувајќи го и холестеролот) и помага во превенцијата на атеросклероза. Сепак, потребни се повеќе студии за да се потврдат овие придобивки
Глог е одобрен за користење при конгестивна срцева слабост од германската Комисија Е, експертска комисија која ги оценува хербалните лекови. Сепак, со оглед на екстремно сериозната природа на срцевите заболувања, императив е да не се обидувате самостојно да ја лекувате срцевата состојба со глог (или кој било друг хербален лек). Погрижете се да се консултирате со вашиот лекар ако размислувате за употреба на глог во лекувањето на проблеми со срцето.
Глог лесно се додава во вашата исхрана
Можеби е тешко да се најде плод од глог во вашиот локален маркет. Сепак, полесно ќе можете да го најдете на пазарите и продавниците за здрава храна.
Можете да додадете глог во вашата исхрана на многу начини:
- Сурови плодови. Суровини плодови од глог имаат малку сладок вкус и се одлична закуска. Но, обидете се да не ги јадете семките. Како и семките од јаболка, тие содржат токсин цијанид.
- Чај. Можете да купите претходно подготвен чај од глог или да направите сами користејќи ги сувите плодови, цветот и лисјата од растението.
- Џемови и десерти. Во југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави, луѓето најчесто прават џем или сируп од плодовите од глог.
- Вино и оцет. Бобинките од глог може да ферментираат во вкусен алкохолен пијалок (за возрасни) или во вкусен оцет што можете да го користите за да направите прелив за салата.
- Додатоци. Можете да земате додатоци за ихрана од глог во пригоден прав, пилула или во течна форма.
Дозирање на глог
Најефективната доза засега не е позната. Препорачаните дози се движат од 160 до 1.800 милиграми на ден во две или три поделени дози во времетраење од три до 24 недели, но се верува дека поголема терапевтска ефикасност резултира од повисоки дози. Минимална ефективна доза за дополнителна терапија кај блага конгестивна срцева слабост е 300 милиграми стандардизиран екстракт дневно. Клиничките испитувања спроведени кај пациенти со конгестивна срцева слабост од класа II и III покажаа дека 900 милиграми екстракт од глог дневно е безбеден.
Познато е дека глог делува бавно, па затоа треба да се конзумира најмалку четири до осум недели за да се утврди дали ќе имате корист од неговата употреба.
Можни несакани ефекти
Глогот генерално се смета за безбеден кога се користи во препорачани дози. Тој не предизвика значителни несакани ефекти во студиите. Најчестите несакани ефекти се вртоглавица, иако поретко може да предизвика гадење и симптоми како замор, главоболка, палпитации, седација, крварење од носот и потење. Предозирањето може да резултира со низок крвен притисок и срцеви аритмии.
Глог може да ја зголеми ефикасноста на некои лекови за срце и може да се меша со други лекарства. Сепак, земете го само под надзор на вашиот лекар и не го земајте со други билки или додатоци кои имаат ефекти врз срцето.
Серенвин
Серенвин е додаток за исхрана заснован на растителни екстракти, особено со калифорниски афион, валеријана, хмељ, пасифлора, липа, лаванда кои промовираат релаксација во случај на стрес и физиолошки сон, камилица, глог, мирисна вербена кои се корисни за ментална благосостојба.