Како изгледа здрава исхрана

Како изгледа здрава исхрана!?

Во денешно време е многу лесно дури и самите да си направите мени за здрава исхрана. Има еден куп апликации на интернет кои ќе ви објаснат како изгледа здрава исхрана. Истите можете да ги користите и да направат мени буквално за вас и вашите потреби.

Размислете за полнење на вашата чинија со храна од петте групи на храна – овошје, зеленчук, житарки, протеини и млечни производи – во секој оброк. На повеќето од нас не им требаат комплицирани програми за броење калории или специјални рецепти за здрава исхрана.

Некои едноставни совети за подобрување на вашите навики во исхраната се да јадете повеќе зеленчук. Треба почесто да грицкате овошје или апетисани и нормално – да готвите повеќе дома отколку што ќе јадете надвор. Еве како изгледа здрава исхрана.

Овошје и зеленчук

Секој треба да јаде овошје и зеленчук секој ден. Обидете се да наполните околу половина од вашата чинија со овошје или зеленчук за време на оброците. Повеќето жени не конзумираат доволно овошје и зеленчук на дневно ниво. Важно е да јадете цело овошје (не сок) и пробувајте различни видови овошје и зеленчук во текот на неделата.

Протеини

Јадете различни видови храна со протеини, вклучувајќи морска храна, посно месо, кокошка, мисирка, јајца, мешунки (грав и грашок), јаткасти плодови, семиња и производи од соја. Повеќето жени не јадат доволно морска храна за да ги исполнат неделните препораки од 230 до 280 гр (или околу две порции неделно).

Цели зрна

Во здравата исхрана од голема важност е да се конзумираат цели зрна како што се кафеав или интегрален ориз, тестенини од цели зрна или пченица или леб од цели зрна.

Млечни производи

Жените треба да земаат три чаши млечни производи секој ден, но повеќето жени конзумираат само половина од таа количина. Ако не можете да пиете млеко, обидете се со обичен јогурт или кисело млеко со малку маснотии или пак со сирење со малку маснотии. Млечните производи се меѓу најдобрите извори на храна на минералот калциум, но некои зеленчуци како кељот и брокулата исто така имаат калциум, како и некои збогатени намирници како збогатено соино млеко, збогатени житарки и многу природни овошни сокови. На повеќето девојчиња на возраст од 9 до 18 години и на жените постари од 50 години им треба повеќе калциум за добро здравје на коските.

Масла

Кога готвите, обидете се да користите масла од растенија наместо цврсти масти како путер, маргарин или кокосово масло. Погледнете ја оваа листа на масла и масти за да видите колку е здрав секој тип на масло за јадење или цврсти масти. Повеќето жени јадат премногу цврсти масти преку пакувана храна како чипс или прелив за салата, а не доволно здрави масти како маслиново масло или вид на маснотии што ги има на пример во морските плодови.

Здравата исхрана значи да не се јаде многу храна со додадени шеќери, заситени и транс масти и натриум (сол). Здравата исхрана значи да јадете овошје, зеленчук, цели зрна, здрави видови на протеини и млечни производи и да не јадете или пиете премногу калории или калории над она што е доволно за вашиот тип на тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *