
Како да се намали стресот и анксиозноста и зошто ни е потребен магнезиум?
Просечно ниво на анксиозност се јавува кај повеќето од нас, некогаш може да го контролираме, некогаш не, а некогаш и посегнуваме по антидепресиви кои само за момент ја решаваат состојбата, а носат долгорочни компликации кои сериозно може да ни го загрозат здравјето. Затоа ни е потребен магнезиум.
И покрај големиот број на потпомагачи, магнезиум се уште е на врвот на листата на супстанци кој најуспешно се борат со анксиозноста.
Неговата моќ да се справи со оваа состојба, доаѓа од својството да ја подобри работата на мозокот. Тој има важна улога во регулирањето на невротрансмитерите, кои испраќаат пораки до целиот мозок и телото. Магнезиумот помага и во функциите на мозокот кои го намалуваат стресот и анксиозноста.
Експертите сметаат дека голем процент од населението има ниско ниво на магнезиум во организмот, затоа што не го добиваат доволно преку исхраната.
Може ли магнезиумот да помогне во борбата против анксиозноста?
Еден од најраспространетите минерали во организмот, магнезиумот игра важна улога во голем број телесни функции и има низа здравствени придобивки. Покрај овие придобивки, магнезиумот може да биде корисен и како природен третман за анксиозност.
Се верува дека влијае на дел од мозокот наречен хипоталамус, кој помага во регулирање на хипофизата и надбубрежните жлезди. Овие жлезди се одговорни за вашиот одговор на стресот.
Ако имате анксиозно растројство, можеби ќе сакате да размислите за користење магнезиум за да помогнете во намалување на симптомите.
Мулти Магнезиум
МУЛТИМАГНЕЗИО од Ербенобили е додаток за исхрана кој е ЕДИНСТВЕН во светот на база на магнезиум, корисен минерал кој може да придонесе за нормална енергија на метаболизмот, како и на база на таурин и борон, кои придонесуваат за нормален енергетски метаболизам и го намалуваат заморот и исцрпеноста. Овој производ е совршена комбинација на модерната наука и најстарата билна традиција.

Кои се другите придобивки од земањето магнезиум?
Постојат многу придобивки од магнезиумот. Од подобрено расположение до здравјето на дебелото црево, магнезиумот работи низ целото тело. Студиите откриле многу други начини како магнезиумот може да му помогне на вашето здравје. Други придобивки од магнезиумот се:
- третман на запек
- подобар сон
- намалена болка
- третман на мигрена
- намален ризик за дијабетес тип 2
- намален крвен притисок
- подобрено расположение.
Магнезиумот учествува во над 600 метаболички функции, а сепак тој е вториот најчест нутруиент кој ни „фали“, односно постои дефицит во нашиот организам, и тоа ова е карактеристично за развиените земји.