Spagiri;n

Ербенобили ја има единствената спагирична лабараторија во светот

Италијанската компанија за додатоци за исхрана Ербенбили, ја има единствената спагирична лабораторија во светот каде што екстракцијата се одвива во космичка стаклена градина на природен начин.

Токму природниот начин на екстракција ја прави разликата од Ербенобили и останатите производители на додатоци за исхрана. За разлика од останатите производители кои машински се обидуваат да ги симулираат силите на природата и го подготвуваат производот за 24 часа, на Ербенобили му требаат дури 40 дена.

Во голема лабораторија од 800 м2, овластена согласно Законската регулатива 111/92 на Р.Италија, тимот на Ербенобили ги подготвува производите користејќи строго избрани суровини во однос на природата, човекот и најстарата традиција на билки и овој избор е клучот на успешноста на производите.

Ова е можно благодарение на фактот дека растенијата се подложени на деликатен период на мацерација во стаклена градина, во средина каде што светлината, влажноста и температурата се оптимални за „спагирско“ извлекување, т.е. за избалансирана екстракција и хармонично разделување на сите активни супстанции на растенијата кои ја сочинуваат „суштината на фитокомплексот“.

Спагирична лабараторија
Спагирична лабараторија
Спагирична лабараторија
Спагирична лабараторија

Техниките за екстракција, иако модерни, ги почитуваат најстарите традиции што ги подобруваат активните принципи на употребените суровини од растенијата. На некој начин, кога ќе ги споите древното знаење, традициите на спаригичните билки од минатото и модерното знаење и наука, ќе дојдете до Ербенобили.

Благодарение на строгоста со која се контролира и модулира времето, влажноста и температурата во сите различни фази на производството, од мацерација до декантација, се добиваат производи со висок квалитет кои го содржат целото богатство на активните состојки на растенијата способни да помогнат во функционалноста на човечкиот организам.

Спагирична лабараторија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *