Органско потекло

Сертификати

Ербенобили ништо не прави случајно. Целиот производствен процес поминува низ детална анализа и контрола и тој мора да ги исполнува и најстрогите критериуми на ЕУ. За таа цел, Erbenobili избра да ги користи најдобрите суровини во однос на квалитетот и одржливоста на животната средина, што во комбинација со високо ниво на контрола врз производствениот процес и строга верификација и на влезните и на излезните производи, им гарантира на потрошувачите производ со високи стандарди за квалитет.

Целокупниот производствен процес, работа, суровини, ланец на производство, лабораториски тестови и контрола на квалитетот се сертифицирани од признати надлежни тела.

Овластување за органско производство на Европската унија

Гарантира присуство на органски суровини и пред се отсуство на пестициди и хербициди.

Сертификација за Веган Ок

Гарантира отсуство на суровини од животинско потекло.

Сертификација за добра производствена пракса (GMP)

Сопствено модерно производство според најсложените принципи во светот

Министерство за здравство на Р.Италија

Ние сме овластени од Министерството за здравство на Р.Италија, согласно Уредбата 111/92 за производство и пакување на додатоци на храна со додадени витамини и / или минерали.

Агенција за Храна и Ветеринарство на Р.Македонија

Потврда дека производите се во согласност со пропишаните барања за безбедност на додатоци на исхрана во Р.Македонија